Instagram претстави нова функција – Repost на Reels

Instagram денеска го претстави лансирањето на три нови функции во својата апликација, како што објави во официјалниот блог, а шефот на платформата, Адам Мосери, сподели видео во кое зборува за овие промени кои ќе бидат достапни за сите корисници.

Првата новина е функцијата „Repost“ која овозможува повторно споделување на туѓи видеа на Reels, слично како на TikTok и X. Со ова, корисниците ќе можат да споделуваат видеа со своите пријатели и следачи, а оригиналниот креатор ќе биде јасно означен. Repost видеата ќе бидат прикажани во посебен дел на профилот, што ќе им помогне на корисниците да го организираат своето оригинално и повторно споделено видео.

Втората голема функција е „Инстаграм Мапа“, инспирирана од Snapchat Maps. Оваа опција им овозможува на корисниците да ја споделуваат својата локација со пријателите преку директните пораки и да истражуваат каде нивните пријатели се наоѓаат или кои локации ги посетиле. Локацијата се ажурира само додека апликацијата е отворена, што ги заштитува приватноста на корисниците. Исто така, корисниците можат да остават кратки пораки на мапата и да одлучат со кого ќе ја споделат својата локација.

Третата новост е новиот „Пријатели“ дел во табот Reels, каде што корисниците ќе можат да ги видат видеата што нивните пријатели ги лајкувале или споделувале. Ова овозможува подобро следење на содржините кои ги интересираат блиските лица, а ако корисниците сакаат, можат да се исклучат од оваа опција за приватност.

Овие нови функции, кои веќе се достапни во САД, се очекува да бидат имплементирани ширум светот, а корисниците ги имаат на располагање за тестирање и користење во најновата верзија на Instagram апликацијата.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни