Колку пати сте напишале коментар на Инстаграм, притиснале „Објави” и веднаш сфатиле дека има грешка, па ја бришете сè и почнувате одново? Тие денови се завршени.
Инстаграм во четвртокот официјално најави дека корисниците сега можат да ги уредуваат своите коментари, но само во рок од 15 минути по објавувањето.
Како функционира?
Доволно е да кликнете на опцијата „Edit” која се појавува откако ќе оставите коментар на објава. Во рамките на тие 15 минути можете да направите колку сакате измени. По истекот на тој период, коментарот повеќе не може да се менува,,само да се избрише.
Секој изменет коментар ќе добие ознака „Edited” во сива боја покрај текстот, така што другите корисници ќе знаат дека коментарот бил менуван по објавувањето. Функцијата моментално е видлива во iOS апликацијата по завршеното тестирање.
Зошто е ова важно?
На прв поглед изгледа како мала промена. Но кога се земa предвид дека Инстаграм лани ја надминал границата од три милијарди месечно активни корисници, и најмалата функција добива огромни размери. Помалку избришани и повторно напишани коментари, помалку неспоразуми поради печатни грешки — и малку помалку стрес при секојдневното скролање.
Функцијата за уредување коментари е нешто што корисниците го барале со години, а Инстаграм конечно го испорача.