Instagram им овозможи на корисниците преземање на Reels

TikTok уживаше значајна предност во однос на Instagram бидејќи му дозволуваше на секој да ги преземе објавените клипови и да ги објавува на други социјални мрежи, а тоа е она што помага да се привлечат други корисници на платформата. Меѓутоа, сега и Instagram ја воведе оваа можност.

Преземањето Reels моментално е достапно само за корисниците во САД и на мобилни уреди и е ограничено само на јавни профили и не може да се користи во случај на приватни. Во исто време, корисниците со јавни профили можат да изберат опција која ги спречува другите корисници да ги преземаат нивните Reels. За да ја користите новата опција, треба да ја допрете иконата Share на избраниот Reels, а потоа да ја изберете опцијата Download.

Сепак, преземените Reels ќе бидат брендирани со логото на Instagram и името на профилот на кој припаѓаат, како што е слчучај и на TikTok.

YouTube, исто така, почна да додава заштитни знаци на Shorts клиповите создадени на десктоп, веројатно за да го привлече вниманието кон овој краток видео формат.

Instagram го следи тој пат бидејќи го гледа како можност луѓето да ги забележат Reels и на другите социјални мрежи.

Извор: klix.ba

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни