Инстаграм го престигна Тик-Ток како најсимнувана апликација во светот

Апликацијата за споделување фотографии и видеа стана популарна по нејзиното лансирање во 2010 година, но се соочи со силна конкуренција  во последниве години од TikTok, платформата за кратки видеа

Сепак, функцијата за видео во кратка форма што беше лансирана од страна на Инстаграм во 2020 гледана како имитација на TikTok, на крајот му помогна да направи возвратен удар. Апликацијата беше преземена 767 милиони пати ширум светот во 2023 година, што е пораст од 20% во однос на претходната година, во споредба со 733 милиони за TikTok, кој порасна за 4%. TikTok беше најпопуларна апликација на глобално ниво помеѓу 2018 и 2022 година.

Компанијата за пазарно разузнавање Sensor Tower, која ги состави податоците, сподели дека заживувањето на Инстаграм „веројатно е поттикнато од популарноста на неговата функција Reels“, како и од другите негови функции, како што се споделувањето фотографии и неговата функција „Приказни што исчезнуваат“, што самата по себе е очигледна копија од апликацијата Snapchat.

„Едно нешто што мислам дека оди во прилог на Инстаграм е тоа што привлекува поширока публика и ја нема конотацијата „само за деца“ што некои луѓе ја поврзуваат со ТикТок“ –  изјави Фархад Дивеча, сопственик и управен директор на агенцијата за дигитален маркетинг Accuracast

Инстаграм има скоро 1,5 милијарди активни корисници месечно, според Sensor Tower, а TikTok има нешто повеќе од 1,1 милијарди. Сепак, TikTok има повеќе активни корисници, кои поминуваат во просек по 95 минути дневно на апликацијата, во споредба со 62 минути за Instagram.

Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук и главен извршен директор на Мета, го идентификуваше ТикТок како сериозна конкурентна закана во последниве години. Во 2022 година тој рече дека апликациите на неговата компанија имаат бројни конкуренти и дека платформите како TikTok „растат многу брзо’’.

Извор: https://www.theguardian.com/technology/2024/mar/08/instagram-tiktok-app-reels-video-meta

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни