Корисниците кои не се најавени на нивните профили не можат да пристапат до профилот на Касумовиќ, со напомена дека е потребен статус на возрасен за да може содржината да биде достапна.
Инстаграм објасни дека одлуката е донесена врз основа на законско барање, во согласност со нивните политики, а веста за одлуката набрзо стана вирална.
Ѕвездата на популарната серија „Луд, збунет, нормален“ Моамер Касумовиќ во 2021 година беше пријавен за развратни дела врз малолетник, а во 2023 година Општинскиот суд во Сараево го осуди на една година затвор.
Според законите на Босна и Херцеговина, казната до една година може да се откупи, што го направил Касумовиќ, плаќајќи 36.500 конвертибилни марки за да избегне затвор.
И покрај пресудата, која неодамна излезе во јавноста, Касумовиќ ја продолжи својата актерска кариера, беше активен во театарот и се појави во неколку телевизиски серии.
Меѓутоа, откако на виделина излегоа деталите за случајот, актерот ги загуби ангажманите во театарот и неколку планирани улоги, а се уште не се огласил јавно.
Дополнително, неколку други лица излегоа во јавноста со обвинувања за сексуална злоупотреба против актерот.
Извор: Б92