Инстаграм ги носи Reels видеата на телевизори

Добра вест за зависниците од кратки вертикални видеа на социјалните мрежи – Reels видеата наскоро ќе може да се гледаат и на телевизор.

Инстаграм ја шири достапноста на Reels надвор од мобилните телефони и по прв пат ги носи кратките видеа на телевизори. Како што велат од Meta, во тек е пилот-проектот „IG for TV“ кој им овозможува на корисниците да гледаат Reels на голем екран, а првата поддршка е обезбедена за Amazon Fire TV уредите, и тоа само за корисници во САД.

Според Tech Crunch, целиот концепт е замислен како менување на канали, што им овозможува на корисниците брзо да преминат на Reels кога немаат концентрација за подолг филм или серија. Како и кај Reels на мобилен, содржината се прилагодува според навиките на корисникот и се прикажува врз основа на содржината и креаторите кои ги следи корисникот на Инстаграм.

Меѓутоа, за разлика од апликацијата на мобилен, Reels на телевизор ќе бидат организирани во тематски категории како комедија, музика, lifestyle и слично, за да се олесни пребарувањето. Видеата ќе се репродуцираат автоматски, без потреба од постојано скролување, со можност за прескокнување на следното видео.

Можни се и лајкување на видео, преглед на коментари или споделување со други. Корисниците можат да ја поврзат апликацијата со својот постоечки Инстаграм профил и да додаваат до пет профили во ист интерфејс или да отворат посебен профил наменет само за гледање на телевизор.

По тестирањето на апликацијата на Amazon уреди во САД, достапноста ќе се прошири и на други платформи ширум светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни