Објавата, која потекнува од Mazapán Paper Co., мал бизнис со седиште во Остин, САД, беше покриена со предупредување дека „може да содржи графичка или насилна содржина“. Иако сликата не содржеше ништо што би можело да се смета за такво, Instagram автоматски ја скри зад дигитална „завеса“.
„Оваа земја е изградена од имигранти“, стоеше во описот под објавата. „Никој не е нелегален на украдена земја.“
Реакциите не изостанаа. Многу корисници беа збунети и лути, сомневајќи се дека Instagram — и матичната компанија Meta — цензурира прогресивна политика, особено онаа која се спротивставува на пораките на претседателот Трамп. Не случајно, пораката е јасна спротивност на неговиот познат слоган „Make America Great Again“.
Откако јавноста реагираше, Meta преку својот портпарол Енди Стоун соопшти дека станува збор за грешка во автоматскиот систем за проверка на содржина, и дека предупредувањето било отстрането.
Но штетата беше веќе направена. Корисници на Bluesky и други платформи отворено го критикуваа Instagram и Meta. „Што по ѓаволите, Instagram?“ напиша еден. Друг додаде: „Навистина ни беше потребно технолошки милијардери да ја контролираат нашата комуникациска инфраструктура и да ја направат дигиталната архитектура расистичка.“
Ова не е првпат Instagram да се најде на удар поради контроверзни одлуки за цензурирање. Порано годинава, новинарката Тејлор Лоренц откри дека Instagram со месеци блокира пребарувања за LGBTQ+ хаштагови, повикувајќи се на политиката за чувствителна содржина.
Иако во официјалниот водич Instagram тврди дека сака да биде „безбедно и почитувано место за сите“, често се случува нивните алгоритми да направат токму спротивното — особено кога станува збор за пораки кои промовираат еднаквост и инклузија.
Иронично, додека овие невини пораки се цензурираат, платформата не успева да ги препознае и блокира навистина вознемирувачките содржини. Истражување од невладината организација AI Forensics покажа дека AI-генерирани перверзни и насилни слики, вклучително и сексуализирана содржина слободно се шират.
Во еден момент, грешка во алгоритмот дури ги преплави Reels фидовите со насилни и трауматски видеа, по што Meta мораше итно да интервенира.
Извор: Futurism