Просветна инспекција во сите школи во Србија

Според најавите на министерката и премиерот Милош Вучевиќ, просветната инспекција денеска ќе влезе во школите кои не одржуваат настава.

Друго полугодие официјално започна вчера во Србија, а според податоците што ги изнесе министерката за образование Славица Џукић Дејановиќ, во повеќе од 90% од вкупно 1.773 школи во Србија наставата се одржала редовно.

Независниот синдикат на просветни работници на Србија соопшти дека наставата нема да се одржува во 35% од школите, па родителите морале сами да бараат информации дали наставата ќе се одржи или не.

Според најавите на министерката и премиерот Милош Вучевиќ, просветната инспекција денеска ќе влезе во школите кои не одржуваат настава.

Околу 10% од школите на ниво на Србија не се вклучиле во работа вчера, изјави министерката Џукић Дејановиќ и оцени дека просветните работници се незадоволни од постигнатите договори со претставниците на репрезентативните синдикати.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни