Денеска, 28 октомври, во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје се одржува конференцијата „Иновација во циркуларната економија и креативните индустрии“, со можност за следење во живо преку YouTube пренос на следниот линк
Настанот е организиран од ЕИТ заедницата во Северна Македонија и Бизнис акцелератор УКИМ, во соработка со Францускиот институт во Скопје (IFS), и ќе трае од 10:30 до 17:00 часот.
Конференцијата претставува една од централните програмски содржини во рамките на меѓународниот саем „Енерго-Технома 2025“, кој се одржува од 27 до 30 октомври во арената „Борис Трајковски“.
Настанот вклучува пет тематски панели и повеќе од 30 истакнати говорници од Македонија, Франција, Србија и европски институции, кои ќе ги претстават најновите индустриски решенија, креативни иновации и модели на финансирање што ја поттикнуваат циркуларната економија.
Меѓу говорниците се:
- Штефен Худолин, претставник на ЕУ Делегацијата во Северна Македонија
- Агнес Молнар, Европски институт за иновации и технологија (EIT)
- Грегоар Жислер, Француски институт во Скопје
- Даниела Димовска, Агенција ИНОВА
- Проф. д-р Валентина Гечевска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – УКИМ
- Претставници на водечки компании како ТИТАН, Макстил, КомфиАнгел, М-Акустик и други.
Организаторите најавуваат дека конференцијата ќе биде интерактивна платформа за дискусија меѓу индустријата, академската заедница и креативниот сектор, со цел поттикнување на нови партнерства и решенија за одржлив развој.