На 26 јуни од 12 до 15 часот во Laboratorium, ќе се одржи инклузивна изложба, базар и дискусија за социјално претприемништво.
„Пресреќни сме бидејќи нашите говорници се инспиративни, млади социјални претприемачи кои ќе ги споделат своите иновативни концепти, совети и искуства со нас. Една од нив е Марија Бургиева од Центарот за социјално претприемништво и одржливост О-Круг // O-Krug, која ќе презентира како една идеја може да прерасне во циркуларен бизнис кој има позитивен импакт врз природата и општеството “ велат организаторите.
Овој настан е дел од проектот „Зајакнување на можностите“ и има за цел да обезбеди платформа за вмрежување и прикажување на производите создадени за време на проектните работилници за накит, уметност и занаетчиство на кои земаа учество млади лица со и без попреченост. Дополнително, има за цел да овозможи можности за вмрежување меѓу учесниците и успешни социјални претприемачи.
Активностите се во рамки на проектот „Зајакнување на можностите“ спроведен од ЦМА Крик како дел од проектот „Млади агенти за промена“ координиран од Center for Intercultural Dialogue (CID)- Куманово, во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија – Scout Association of Macedonia и Центар за истражувања и анализи НОВУС / Center for research and analysis- Струмица, со финансиска подршка од Европската унија.
Целта на проектот е градење на капацитетите на младите луѓе со или без попреченост во областа на создавање занаети и поддршка за нивната финансиска независност.