Инфлуенсери направија паника бидејќи ги немало два дена, а тие уживале во природа

Италијанските инфлуенсери Микеле Д’Алесио (35) и неговата сопруга Росела Дел Консол (30) се познати на социјалните мрежи како Ванголден, а на своите следбеници редовно им ги покажуваат авантурите во кои се водат додека возат во нивниот преуреден камион.

Но, успеале да предизвикаат вистински хаос бидејќи два дена не контактирале со семејството, па семејството ги пријавило во полиција за исчезнати, а потоа се вклучила и планинската спасувачка служба. Кога беа пронајдени на Фриули, инфлуенсерите останале зачудени бидејќи немале поим дека ги бараат.

Микеле изјави за Fanpage.it дека не биле свесни за паниката што настанала околу нивното „исчезнување“.

„Само што завршивме со поправка на камионот и го тестиравме на патека од еден час и дваесет минути. Кога стигнавме во долината, забележавме дека немаме сигнал, но тоа не не загрижи бидејќи планиравме да останеме само неколку дена. Навистина ни е жал“, рече тој.

Инфлуенсерот откри дека минатата недела завршил во итната медицинска помош поради алергиска реакција на храна. По три часа опсервација бил пуштен со препорака што поскоро да се обрати кај алерголог. „Моето семејство знаеше за тоа и беше загрижено дека нешто ми се случи повторно“, рече тој.

Дополнителна паника предизвика и претходен дефект во камионот, откако едно од тркалата почнало да чади.

„Го поправавме со мајстор за гуми и механичар, но снимката не ја објавивме веднаш бидејќи од приватни причини објавуваме содржина на социјалните мрежи со задоцнување од два до три дена. Видеото го објавивме подоцна и немавме поим дека ќе предизвика толкава загриженост“, рече тој.

Кога спасувачите ги пронашле, парот бил целосно опуштен. „Требаше да тргнеме дома во средата наутро, но местото толку ни се допадна што решивме да останеме уште еден ден. Седевме покрај огнот, пиевме чај, а Росела читаше книга кога пристигнаа службениците за цивилна заштита и објаснија што се случува“, рече Микеле.

Набрзо пристигнале карабинерите кои ги известиле дека семејството ги пријавило за исчезнати, а тие им ги земале изјавите.

Инфлуенсерот вели дека научиле важна лекција од оваа ситуација. „Не сфативме колку е важно да бидеме достапни. Планиравме да купиме сателитски телефон пред да ја напуштиме Европа и да заминеме во Азија, но немавме доволно средства за да го сториме тоа до сега. Ќе го забрзаме сега затоа што сфативме дека ако нешто навистина ни се случи во долината, нема да имаме начин да повикаме помош“, рече тој.

На крајот додаде дека нивното семејство во иднина ќе биде повнимателно. „Ја разбираме нивната загриженост, но сега знаат дека има места каде што не можеме да бидеме достапни секој ден. Сепак, ќе купиме сателитски телефон – тоа е сигурно“, заклучи тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни