Инфлацијата во еврозоната падна на 2,1 проценти

Инфлацијата во еврозоната во октомври се намали на 2,1%, додека во ЕУ изнесува 2,5%. Евростат објави стабилизација и пад на цените на енергенсите

нфлацијата во еврозоната во октомври на годишно ниво се намали на 2,1%, од 2,2% во септември, објави Евростат. На ниво на Европската унија, инфлацијата изнесува 2,5%.

Идентично намалување од 0,1 процентен поен во однос на септември е забележано и во целата Европска унија, пренесува Index.

Најниска инфлација во октомври имаа: Кипар – 0,2%, Франција – 0,8% и Италија – 1,3%

Највисоки стапки забележаа Романија – 8,4%, Естонија – 4,5% и Латвија – 4,3%

Во споредба со септември, инфлацијата се намалила во 15 земји-членки, останала на исто ниво во 3, а пораснала во 9 држави.

Најголем придонес кон инфлацијата во еврозоната доаѓа од секторот на услуги – 1,54 процентни поени, храна, алкохол и тутун – 0,48 и неенергетски индустриски производи – 0,16.

Цените на енергенсите во октомври се намалени за симболични 0,08%, што го потврдува трендот на стабилизирање и пад на цените во овој сектор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни