Индонезија ќе го зголеми увозот од САД, а ќе го намали од други земји

Ерланга е дел од делегацијата што ќе се сретне со американски функционери во Вашингтон за разговори околу царините од 32 проценти што САД ги воведоа на увозот на стоки од Индонезија, но кои се суспендирани на 90 дена, пренесе Ројтерс.

Индонезија ќе го зголеми увозот на американска храна и стоки, а ќе ги намали нарачките од земјите од кои моментално купува производи, со цел да го елиминира трговскиот суфицит со Вашингтон и да избегне воведување царини, изјави во Вашингтон индонезискиот министер за економија Ерланга Хартарто.

Ерланга е дел од делегацијата што ќе се сретне со американски функционери во Вашингтон за разговори околу царините од 32 проценти што САД ги воведоа на увозот на стоки од Индонезија, но кои се суспендирани на 90 дена, пренесе Ројтерс.

„Индонезија предложи зголемување на увозот од САД во вредност до 19 милијарди долари, вклучувајќи увоз на енергенси во вредност од околу 10 милијарди долари, за да се елиминира трговскиот суфицит со Вашингтон и да се избегне воведување на царините со кои се заканува администрацијата на претседателот Доналд Трамп“, нагласи Ерланга.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни