Индог со честитка до „Ареа“: „Да живее ентузијазмот и локалната култура!“

Познатиот уметнички директор и илустратор Горан Костовски – Индог на својата Фејсбук-страница сподели емотивна порака по повод 25-годишниот јубилеј на групата „Ареа“, изразувајќи почит и восхит кон нивниот придонес во македонската музичка сцена.

„Културата е знак дека нешто постоело и ќе постои. Ама 25 години јубилеј не е малку“, напиша Индог, додавајќи дека е особено трогнат што групата издава специјално винил-издание во чест на јубилејот.

Тој им упати искрени честитки на членовите на „Ареа“ и благодарност до Avalon International Booking, кои го изненадиле со син винил со најголемите хитови на бендот.

„Текстовите и гласот на Ружица се навистина посебни – нескромно ќе кажам, нашата PJ Harvey“, напиша Индог, откривајќи дека подготвува специјален македонски винил-сет.

Во објавата тој упати и порака за поддршка на домашната сцена:
„Да живее ентузијазмот и локалната култура – да си ја сакаме и цениме повеќе, а не тој шунд и сељаштвото од соседството, што немаме дерман ни како диџеи, ни како артисти.“

Винил-изданието на „Ареа“ ќе биде достапно на концертот на 8 ноември 2025 година во салата „Јане Сандански“, на кој бендот ќе ја прослави својата четвртвековна кариера.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни