Индија го обвини Пакистан дека го прекрши договорот за прекин на огнот

Повеќе експлозии се слушнале во двата најголеми града на индискиот дел на Кашмир — Сринагар и Џаму — само неколку часа по потпишувањето на договорот. Според жителите, во тие градови имало и прекини на струја.
EPA-EFE/FAROOQ KHAN

Индија го обвини Пакистан дека го прекршил договорот за прекин на огнот кој беше постигнат само неколку часа претходно, по разговори иницирани од САД за ставање крај на најсериозната воена конфронтација меѓу двете нуклеарно вооружени земји во последниве децении, јавува АП.

Повеќе експлозии се слушнале во двата најголеми града на индискиот дел на Кашмир — Сринагар и Џаму — само неколку часа по потпишувањето на договорот. Според жителите, во тие градови имало и прекини на струја.

Нема извештаи за жртви, наведува АП.

„Што, по ѓаволите, се случи со примирјето? Експлозии се слушаат низ цел Сринагар!“, напиша на социјалните мрежи највисокиот избран функционер на регионот, Омар Абдула.

Индискиот министер за надворешни работи, Викрам Мисри, вечерва по локално време изјави дека повторно дошло до „прекршување на договорот постигнат меѓу двете земји“, обвинувајќи го Пакистан за нарушување на договорот за примирје.

„Го повикуваме Пакистан да преземе соодветни чекори за да ги адресира овие прекршувања и сериозно и одговорно да се справи со ситуацијата“, рече Мисри на прес-конференција во Њу Делхи.

Тој истакна дека индиската армија „одговара со контранапади“ на она што го нарече „инфилтрација на границата“.

Се очекуваше дека договорот ќе стави брз крај на повеќенеделната ескалација на конфликтот, вклучително и ракетни и дрон напади, предизвикани од масакр врз туристи минатиот месец. Индија го обвини Пакистан за нападот, што Исламабад го негира.

Од почетокот на конфликтот, десетици цивили се убиени од двете страни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни