Индија нема веќе да купува руска нафта, најави Трамп

Индија не може веднаш да запре со испораките, тоа ќе биде процес, но процес што брзо ќе заврши“, кажа Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите во Белата куќа изјави дека индискиот премиер Нарендра Моди му соопштил дека ќе го прекине увозот на руска нафта.

Сепак, според Трамп, тоа немло да се случи веднаш.

“Тој (Моди) ми е пријател, имаме одличен однос. Не бевме задоволни што купуваше нафта од Русија, бидејќи тоа му овозможи на Путин да ја продолжи оваа смешна војна во која животот го изгубија 1,5 милион луѓе. „Индија не може веднаш да запре со испораките, тоа ќе биде процес, но процес што брзо ќе заврши“, кажа Трамп.

Тој во август ѝ воведе царини од 50% на Индија поради купувањето нафта и оружје од Русија. Моди со месеци му се спротивставуваше на Трамп, тврдејќи дека Индија има неутрален став кон војната во Украина.

Кина, Индија и Турција се некои од најголемите увозници на руските нафта и гас и западните земји велат дека Русија со овие приходи ја финансира својата војна против Украина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни