Индиец го купи најскапото куче насветот за 5,3 милиони евра! Не штедеше пари, а сега многу наплаќа селфи

Индискиот љубител на кучиња С. Сатиш, познат одгледувач од Бенгалуру, се најде во центарот на вниманието откако го купи најскапото куче на светот за 5,3 милиони евра.

51-годишникот потроши неверојатни 50 милиони рупии (околу 5,3 милиони евра) на Кадабомб Оками, ретко „волк куче“, кое е спој меѓу волк и кавкаски овчар.


Не само што Кадабомб Оками е најскапото куче на светот, туку се верува дека е и прво од ваков вид. Ова осуммесечно волк куче е високо 76 сантиметри и веќе тежи 75 килограми.

„Потрошив 50 милиони рупии на ова куче бидејќи сакам кучиња и сакам да донесам уникатни раси во Индија“, изјави Сатиш за The Sun.

Ова не е прв пат Сатиш да купи исклучително ретко куче. Минатата година тој се здоби со чау-чау што неверојатно наликува на мечка панда од планините Чинлинг, за дури 3 милиони евра.

Наплаќа за играње со кучиња

Поранешен одгледувач, кој сега поседува повеќе од 150 различни раси, од кои многу се исклучително ретки.

„Вработувам шест чувари, а сите мои кучиња се хранат исклучиво со сурова храна“, вели тој.

„Мојот имот е седум хектари, така што имаат многу простор за игра.

Сатиш тврди дека неговите кучиња привлекуваат огромни толпи, а многумина се подготвени да платат за да ги видат и да се фотографираат со нив. За настап во траење од 30 минути до 5 часа тој наплаќа од 2.600 до 10.000 евра.

„Вложував пари во овие кучиња бидејќи се ретки. Плус, заработувам добри пари затоа што луѓето секогаш се љубопитни да ги видат“, објаснува Сатиш.

„Вистински селфи и слики. Моето куче и јас добиваме повеќе внимание отколку актер на премиера на филмот! И двајцата сме магнети на толпата“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни