На местото се присутни голем број граѓани кои од утрово ѝ даваат поддршка на Дијана Хрка мајката на Стефан Хрка, еден од 16-те загинати во несреќата со падот на покривната конструкција на железничката станица во Нови Сад.
Покрај граѓаните, на терен се наоѓа и голем број полицајци, вклучувајќи припадници на специјалната единица за разубивање демонстрации.
Дијана Хрка во штрајк со глад
Хрка, која вчера за време на комеморацијата за жртвите најави дека ќе започне штрајк со глад, бара од претседателот на Србија да ги исполни трите услови што ги поставила во врска со одговорноста за трагедијата во Нови Сад.
Реакција на полицијата
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи (МУП), вечерва бил уапсен 36-годишен маж со иницијали С.П., кој на раскрсницата меѓу улиците Таковска и Булеварот Крал Александар се искачил на заштитна ограда и со непристојни гестови го нарушувал јавниот ред и мир.
МУП и Безбедносно-информативната агенција (БИА) ги осудија инцидентите и соопштија дека „организирана група учесници на непријавениот собир нападнала граѓани кои се наоѓале на пријавен јавен собир во Пионерскиот парк, фрлајќи различни предмети и пиротехнички средства“. Еден полицаец бил повреден во инцидентите.
Апел за смирување
Ветераните кои биле присутни на местото ги повикувале граѓаните на смиреност, пренесувајќи ја пораката на Дијана Хрка дека таа не сака насилство и ги замолила присутните да се оддалечат од подрачјата каде што интервенирала полицијата.
Извор: N1info.rs