Инцидент во Чациленд: Полицијата интервенираше пред Собранието на Србија

Вечерва пред Собранието на Србија, во просторот познат како Чациленд, каде веќе неколку дена трае протестот на Дијана Хрка, дојде до инцидент во кој морала да интервенира полицијата.

Според снимки објавени на социјалните мрежи, во Чациленд настанала тепачка, по што полицајци во опрема за разидување демонстрации брзо реагирале и влегле меѓу шаторите за да спречат поголема ескалација и да ја смират ситуацијата.

За сега нема официјални информации за причините на инцидентот ниту дали има приведени лица.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни