Руската вселенска агенција Роскосмос соопшти дека во прилика на еден маневр, а пред слетувањето на Месечината, на руската сонда Луна-25 се случила вонредна ситуација и дека моментално ги анализираат последиците.
„За време на операцијата на слетување на Месечината дојде до вонредна ситуација на автоматската станица, поради што маневрот не можеше да биде изведен според наведените параметри“ се вели во соопштението.
Вселенската сонда е тешка 1800 килограми и беше лансирана минатиот петок од вселенската станица Восточни. Претходно беше соопштено дека е планирано да слета во близина на месечевиот јужен пол на 21 август.
Москва последен пат ја испрати сондата Луна-24 на Месечината пред речиси половина век, во 1976 година кога Русија се уште беше дел од Советскито сојуз.
Извор: N1