Инцидент пред полетување: 20 патници отстранети од авион во Фиренца

Поради високите температури, воздухот бил поредок, што барало дополнително гориво за да се постигне потребната висина при полетување. Тоа дополнително гориво ја зголемило вкупната маса на авионот над дозволената граница, особено имајќи предвид дека пистата на аеродромот е значително покуса од онаа на лондонскиот „Гетвик“.

На 11 август на аеродромот „Америго Веспучи“ во Фиренца, авион на British Airways кој требало да полета кон Лондон се соочил со невообичаен проблем – премногу жешко време и прекумерна тежина. Тоа резултирало со проблеми за некои патници пред полетувањето. Поради високите температури, воздухот бил поредок, што барало дополнително гориво за да се постигне потребната висина при полетување. Тоа дополнително гориво ја зголемило вкупната маса на авионот над дозволената граница, особено имајќи предвид дека пистата на аеродромот е значително покуса од онаа на лондонскиот „Гетвик“.

Како резултат на тоа, околу дваесет патници морале да го напуштат овој авион. Една патничка изјавила дека пилотот ги информирал дека поради екстремната жештина и потребата од повеќе гориво, не може да се полета со целосен број патници. Иако првично било кажано дека авионот ќе го напуштат 36 лица, на крајот биле замолени да излезат околу дваесетина.

Од British Airways им се извинија на патниците, објаснувајќи дека ваквите ситуации се резултат на специфични услови – кратка писта и високи температури кои влијаат на воздушниот притисок и безбедносните параметри и нагласија дека нивните тимови работеле напорно за да ги пренасочат патниците кон нивната дестинација што е можно побрзо.

Авионскиот експерт Џони Вилијамс од Универзитетот во Рединг предупреди дека ваквите случаи нема да бидат реткост. Според него, поради климатските промени, сè повеќе аеродроми ќе мора да ограничуваат тежина на летови во летните месеци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни