Ин мемориам: Почина големиот македонски мајстор на филмска музика Љупчо Константинов

Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста

Големиот македонски мајстор на филмската музика, композиторот Љупчо Константинов почина вчера.


Константинов е автор на музиката за филмовите „Среќна нова 49“, „Македонска сага“, „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Јужна патека“, „Хај-фај“ и други.


Од неговата песна „Еј ти, младо момче“ во изведба на групата „Индекси“, неговата наградувана и изведувана авторска музика се смета за македонско музичко богатство.

Дипломирал на Музичката академија во Белград. Компонирал музика во играни, документарни и анимирани филмови, во голем број на телевизиски филмови, серии и драми.


Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста, „Златен објектив“ за 2023 година, која ја доделува Кинотеката на Македонија и многу други.
Константинов во 2019 година ја доби наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија која му беше врачена на јубилејното 40. издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни