Лекарите советуваат: По 50-тата, една намирница нека биде редовно на менито

Масната риба може значително да помогне во зајакнувањето на имунитетот, кој со годините станува послаб и побавен

Јакнењето на имунитетот е важно во секој период од животот, но по 50-тата година станува особено значајно. Со стареењето, телото потешко се справува со инфекции, а закрепнувањето е побавно, поради што исхраната добива клучна улога во зачувувањето на здравјето.

„По 50-тата година, имуниот систем станува поспор и помалку ефикасен во одговорот на инфекции – процес познат како имуносенесценција“, објаснува алергологот и имунолог Брајан Гринберг за Parade. Тој додава дека истовремено се зголемува и хроничната, нискостепена воспалителност во организмот, што ги прави луѓето почувствителни на болести.

Масната риба како поддршка за имунитетот

Според стручњаците, лицата постари од 50 години би требало најмалку еднаш неделно да консумираат масна риба. Алергологот и имунолог Аманда Салих истакнува дека риби како див лосос, сардина, скуша и пастрмка се богат извор на витамин Д, витамин Б12, селен и други микронутриенти неопходни за правилно функционирање на имуниот систем.

Таа нагласува дека омега-3 масните киселини DHA и EPA имаат силно против-воспалително дејство, а исто така го потенцира значењето на протеините: „Имуните клетки, антителата и сигналните молекули се изградени од протеини, што ги прави клучни за одбраната на организмот.“

Колку често и како да се јаде риба?

Имунологот Амира Ауџнареин наведува дека на возрасните генерално им се препорачува консумирање масна риба два до три пати неделно, во порции од околу 85 до 115 грама.

Таа предупредува дека начинот на подготовка е исклучително важен – пржењето треба да се избегнува, а подобар избор се печење, грилување или подготовка во фритеза на топол воздух, со цел да се зачуваат хранливите вредности.

И други намирници се важни

Покрај масната риба, експертите издвојуваат и други намирници што можат да придонесат за подобар имунитет по 50-тата година. Брајан Гринберг посочува дека ферментираната храна -како кисела зелка и ферментирано зеленчук, имаат позитивно влијание врз здравјето на цревата.

„Голем дел од имунолошката активност е директно поврзана со цревата“, вели тој.

Имунологот Мохамед Јунус додава дека и лиснатиот зеленчук игра значајна улога, бидејќи антиоксидансите што ги содржи помагаат во борбата против оксидативниот стрес, кој може да ги оштети имуните клетки.

Исхраната не е доволна сама по себе

На крај, Аманда Салих потсетува дека покрај правилната исхрана, за здрав имунитет се неопходни и квалитетен сон, редовно движење, намалување на стресот и навремена вакцинација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни