Имате висок притисок? Јадете банани

Високиот крвен притисок денес погодува околу 30% од возрасните луѓе ширум светот, а со тоа расте и бројот на мозочни удари и бубрежни заболувања.

Лицата со висок крвен притисок треба да консумираат повеќе храна богата со калиум, како што се бананите, тврди тим научници од Канада.

„Нашето истражување сугерира дека зголемениот внес на храна богата со калиум – како банани или брокула – може да има посилен позитивен ефект врз крвниот притисок отколку само намалување на внесот на сол“, изјави Анита Лејтон од Универзитетот во Ватерло.

Бананата, која често се вбројува заедно со доматот меѓу најконсумираните плодови во светот, е популарна како заситувачка енергетска ужинка и природен лек против мамурлак благодарение на високата содржина на калиум – што ја прави препорачлива и за луѓе со хипертензија (висок притисок).

„Праисториските луѓе јаделе многу овошје и зеленчук, па можно е телесните регулаторни системи да еволуирале така што најдобро функционираат со исхрана богата со калиум и сиромашна со натриум“, изјави Мелиса Штат, главната авторка на студијата објавена во американското списание за бубрежна и општа физиологија.

„Современата западна исхрана содржи многу повеќе натриум и значително помалку калиум. Тоа може да објасни зошто висок крвен притисок е почест во индустријализираните општества, а пореток во изолирани заедници“, додава Штат.

Банани – лек од природата

Зголемената консумација на солена, преработена храна придонесува за појава на т.н. болести на современиот начин на живот, како дијабетес и болести на срцето, особено поради тоа што сè повеќе луѓе водат седечки начин на живот, со сè помалку физичка активност.

Високиот крвен притисок денес погодува околу 30% од возрасните луѓе ширум светот, а со тоа расте и бројот на мозочни удари и бубрежни заболувања.

„Во последниве години, глобалната појава на хипертензија се зголеми“, предупредуваат истражувачите, наведувајќи ја како причина стареењето на светската популација, како и сè поголемата изложеност на ризик-фактори – намалена физичка активност и популарноста на западната исхрана.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни