Бојлерот е еден од најкорисните, но и потенцијално најопасните апарати во домаќинството. Доколку не се одржува редовно, може да стане вистинска бомба во куќата.
Доколку бојлерот не е сервисиран со децении, а при тоа покажуива неправилности во работењето може да експлодира.
Дефектот на термостатот најчесто може до доведе до неконтролирано загревање на водата. Во тој случај бојлерот, кој ја врши функцијата на загревање вода додека термостатот не го исклучи, продолжи да работи дури и откако водата достигнува точка на вриење. Огромното количество на пареа создадава висок притисок во бојлерот, а катастрофата може да биде спречена само и единствено доколку истрошениот сигурносен вентил попушти и испушти пареа.

Ако вентилот не реагира, притисокот може да предизвика експлозија на бојлерот, предизвикувајќи сериозни оштетувања на станот и потенцијално убивање на станарите.
Брзата реакција може да спречи катастрофа
Доколку забележите дека под притисок излегува и топла вода од вентилот, морате млазот да го пренасочите во кадата или во лабавото. На некој начин само ова може да го спречи понатамошно оштетување на станот. При то морате да го затворите главниот вентил за вода.
Пред да чекате да дојде до ваква несакана ситуација треба да го отстраните стариот бојлер, да поставите нов и да ги заменети сите потребни инсталации и вентили.
Спречете ја опасноста – не ризикувајте живот и имот!
Овој е предупредување до сите кои имаат стари бојлери да не го одложуваат сервисирањето и замената на дотраените делови. Се препорачува бојлерите да се сервисираат најмалку еднаш годишно, без разлика на староста на уредот.
Правилното функционирање на вентилите за вода е од клучно значење во случај на вакви проблеми. Неисправните вентили може да доведат до поплави и сериозна материјална штета. Доколку забележите невообичаени звуци од бојлерот, продолжено загревање на водата или какви било други сомнителни промени во работата, веднаш исклучете го уредот и повикајте стручно лице. Не дозволувајте вашиот бојлер да стане темпирана бомба – преземете акција навреме, советуваат мајсторите.