Имане Хелиф ги тужи Џ.К. Роулинг, Илон Маск и сите кои ширеа омраза против неа

Фото: UNICEF Algeria

Алжирската боксерка, Имале Хелиф која во текот на Олимписките игри се соочуваше со обвинувања дека е машко поднесе тужба за вознемирување и клевети.

Како што пренесува Вараети, таа поднела тужба против непознати лица, што му дава можност на обвинителството да води истрага против сите, вклучувајќи ги и тие кои пишувале пораки на омраза под псевдоними, вели адвокатот Набуил Буди, ангажиран од Келиф.

Сепак, адвокатот Буди потврди дека во тужбата конкретно се спомнати писателката Џ.К. Роулинг и сопственикот на платформата X, Илон Маск. Тужбата е поднесена во Центарот за борба против оналјан омраза на париското јавно обвинителство за „тешко сајбер вознемирување“.

„Во тужбата, помеѓу останатите, именувани се Џ.К. Роулинг и Илон Маск“ вели адвокатот и додава дека дел од истрагата ќе биде и поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Хелиф стана олимписка шампионка, а во јавноста се проширија бројни обвинувања дека таа не е тоа што се претставува, односно дека не е родена како жена. И покрај коментарите и обвинувањата од целиот свет, таа сепак стана првата натпреварувачка од Алжир која донесе злато во бокс за својата земја, како и прв медал од 1996 година.

„Ова е мојот сон. Мојот сон во последните осум години. Јас сум олимпијка, носителка на златен медал. Пресреќна сум. Осум години работев на ова“ изјави Хелиф.

Најново

Последни колумни