Имамоглу од затвор: Ќе го победам Ердоган на избори

Имамоглу тврди дека притворот не може да го спречи ширењето на поддршката што ја има и дека кампањата може успешно да функционира

Поранешниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е главен противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, од затвор изјави дека ќе се кандидира за претседател и верува дека има поддршка од народот за да стави крај на 25-годишната доминација на Ердоган.

Во писмен одговор на прашања од бриселската веб-страница „Политико“, испратени преку неговите адвокати и советници, Имамоглу го опиша своето апсење минатиот март како „ стратегија за политичка опсада “ и нагласи дека тој е сè уште легитимен кандидат кој може да го победи Ердоган на слободни избори.

Тој беше уапсен како дел од широка истрага и обвинет за корупција , изнуда , мито , перење пари и шпионажа .

Тој се соочува со потенцијална затворска казна од над 2.300 години. Додека беше во затвор , Имамоглу го продолжи својот политички ангажман преку социјалните медиуми и партиските платформи. Над 15 милиони Турци гласаа на прелиминарните избори на партијата за да го потврдат како кандидат на Републиканската народна партија (ЦХП).

Имамоглу тврди дека притворот не може да го спречи ширењето на поддршката што ја има и дека кампањата може успешно да функционира без негово физичко присуство. Експертите предупредуваат дека турскиот претседател, искористувајќи го својот статус на актуелен носител на функција и контролата врз државните институции, би можел законски да ја блокира кандидатурата на Имамоглу

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни