Имаме рецепт за пржени јајца како што ги јадела кралицата Елизабета: Тајната е во две состојки

Австралискиот готвач Ли Холмс го сподели тајниот рецепт за омилените изматени јајца на покојната кралица Елизабета Втора.

Ли на својот блог напиша дека кралицата сакала да го започнува денот со појадок полн со протеини, а овие матени јајца се по нејзин вкус. Тајната лежи во две необични состојки кои особено ги сакала кралицата Елизабета, а тоа се морското оревче и кората од лимон.

Рецепт за матени јајца на кралицата Елизабета
За две порции ќе ви требаат следниве состојки:

3 органски јајца
1 лажица млеко
1 лажица путер или маслиново масло
малку сол и бибер
1 лажичка рендана кора од лимон
прстофат морско оревче
малку власец за сервирање

Јајцата и млекото се матат во сад и се мешаат убаво да се соединат, се посолува по вкус. Загрејте путер или маслиново масло во тава на тивок оган. Додадете ги јајцата во тавата и намалете ја топлината, нежно мешајте со шпатула за да не се залепат на дното.

Непосредно пред да почнат да се стврднуваат, додадете кора од лимон, морско оревче и уште малку сол по желба и измешајте. Префрлете го во чинија и послужете веднаш, зачинете со бибер и сечкан млад лук по желба.

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни