Преку анализирање на примери од медиумите и социјалните мрежи, анализите во новата публикација на Институтот за медиуми и амалитика, ги детектираат главните форми на кршење на човековите права, говорот на омраза и дискриминацијата, со фокус на групи и поединци коишто најчесто се на удар на вакви содржини, кои честопати содржат дезинформации, дискриминаторски и говор на омраза, но и повици на насилство. Анализите носат и заклучоци и препораки за можните решенија коишто би придонеле за подобро справување со овие прекршувања во медиумите и во јавната комуникација.
Публикацијата „Дискриминацијата и говорот на омраза во медиумите и јавната комуникација (анализи)“ содржи авторски анализи на Билјана Георгиевска – новинарка и извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија, Славица Анастасовска – Хелсиншки комитет за човекови права, и м-р Мања Величковска, м-р Грација Атанасовска и м-р Сара Миленковска – истражувачки од Коалиција МАРГИНИ. Авторките имаат повеќегодишно искуство во медиумите и во спроведување истражувања во организации коишто дејствуваат на полето на човековите права.
Публикацијата е достапна на следниот линк:
Дискриминацијата и говорот на омраза во медиумите и јавната комуникација (анализи)