Има ли вистинска или каква и да е друга љубов?

Луѓето ја бараат вистинската љубов, а кога ќе стапат во врска имаат чувство дека им се остварил сонот и дека ја пронашле вистинската сродна душа. Но, дали сè се одвива онака како што тие посакуваат? Постепено, личноста што ја сакате излегува дека е некоја што е сосема поинаква од онаа што првично ја запознавте. Ова е време кога „вистинската љубов“ добива форма на „токсична љубов“. Затоа, пред да стапите во врска, треба да ја знаете разликата меѓу вистинската и токсичната љубов.

1. Љубовта кон себе наспроти важноста на врската

Во вистинската љубов развојот на себе е најважен. Двете страни го посакуваат најдоброто една за друга. Во токсичната љубов примарниот фокус е на самата врска каде двете страни се „опседнати“ со начинот на кој се поврзуваат една со друга.

2. Одделни интереси наспроти зависност

Во вистинската љубов двајцата партнери имаат слобода да им се посветат на сопствените интереси. Така, тие можат да имаат свои пријатели и надвор од нивните романтични врски. Можат да ги следат интересите и идеите без страв од укор. Во токсичната љубов двајцата партнери се целосно вклучени во животот на еден на друг. Едниот не може да оди никаде без другиот.

3. Слобода наспроти тенденција да го смените партнерот во друга личност

Во вистинската љубов нема борба во прифаќањето на индивидуалноста на вашиот партнер бидејќи го прифаќате партнерот таков каков што е. Во токсичната љубов постои екстремен порив да го промените вашиот партнер во некој со кој повеќе би сакале да бидете наместо да го сакате онаков каков што е.

4. Взаемна интимност наспроти принудна интимност

Во вистинската љубов интимноста е резултат на длабоката љубов, грижа и наклонетост. Почитта доминира меѓу партнерите во вистинската љубов. Во токсичната љубов интимноста е нешто поради кое се чувствувате под притисок и тоа најчесто поради страв, несигурност од тоа како треба да се усогласите со сексуалните желби на вашиот партнер.

5. Пријателски разговор наспроти расправија

Во вистинската љубов разговорот е конструктивен. Секој партнер се обидува да ги разбере емоциите и чувствата на другиот. Партнерите се обидуваат да ги надминат разликите и недоразбирањата преку разговор и комуникација. Во токсичната љубов разговорите започнуваат со тривијални расправии кои на крајот се претвораат во префрлање на вината и манипулација.

Извор: themindsjournal.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни