Има ли крај на мастурбирањето и секс играчките

Порталот Pop Sugar објави интервју со директорката на програмата за женска сексуална медицина при Универзитетот Стенфорд, Леа Милхајзер.

Ако сте загрижени дека ќе имате последици поради пречесто мастурбирање или користење секс-играчки, дишете слободно. Таа тврди дека честата употреба на секс-помагала нема да остави последици.

„Тоа прашање ми е омилено и НЕ, нема штетни последици. Напротив, секс-играчките само го подобруваат сексуалниот живот. Секако, ако користите некое помагало како вибратор или дилдо, секој ден со часови, може вагината да ви стане помалку осетлива, но тоа е само привремено“, ги советува таа жените.

Милхајзер вели дека секс-играчките се одличен начин да ја истражите сопствената интима и сексуалност, без разлика дали ги користите сами или со партнерот, особено за оние жени на кои им е потребно малку повеќе стимулација за да постигнат оргазам.

Играчките дури може да бидат и неопходни за жените кои потешко постигнуваат оргазам, особено по менопауза. Помладите жени, пак, се плашат дека ќе станат зависни од мастурбирање или секс-помагала и дека нема да може да постигнат оргазам без нив.

Милхајзер вели дека тоа е вообичаен страв, но дека не е основан и дека само ќе уживаат повеќе ако користат секс-играчки, се разбира во умерени граници.

Извор: kurir.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни