Илјадници луѓе на протест против фемицидот во Буенос Ајрес

По бруталното убиство на три девојки од нарко-банда, илјадници граѓани протестираа во Буенос Ајрес, барајќи правда и остри мерки против фемицидот

Илјадници луѓе излегоа на протест против фемицидот во Буенос Ајрес, по бруталното убиство на тинејџерката Лара Гутиерез (15) и две млади жени – Морена Верди и Брeнда дел Кастиљо, и двете на возраст од 20 години. Протестот беше одржан со барање за правда и построги мерки против насилството врз жени.

Според BBC, жртвите биле мачени и убиени од страна на криминална група што се занимава со трговија на дрога, а убиствата биле пренесувани во живо на социјалните мрежи – како закана за други.

Осомничени и истрага

Полицијата верува дека убиствата биле дел од порака на криминалната банда. Засега се уапсени три мажи и две жени, додека главниот осомничен, 20-годишен државјанин на Перу, кој се смета за водач на групата, сè уште е во бегство.

Според истражителите, жртвите на 19 септември биле намамени во комбе, во уверување дека одат на забава

Ужасна порака на снимка

Министерот за безбедност на провинцијата Буенос Ајрес, Хавиер Алонсо, изјави дека еден од притворените покажал снимка од настанот на која се слуша гласот на водачот на бандата како вели:
„Ова им се случува на оние што крадат дрога од мене“.

Телата на трите девојки биле пронајдени закопани на имот во јужното предградие на Буенос Ајрес, пет дена по нивното исчезнување.

Граѓаните во Аргентина, каде што фемицидот е сериозен и растечки проблем, порачаа дека не бараат само правда, туку и системски промени. Протестот беше придружен со пароли, транспаренти и силна поддршка на семејствата на жртвите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни