Илустрации на Ване Костуранов изложени во Пазин, Хрватска

Изложба на илустрации на Ване Костуранов е отворена во Градската галерија во Пазин, Хрватска, во рамките на фестивалот „Овца во кутија“. Фестивалот на сликовници се одржува од 2005 година, а на програмата се изложби на илустрации, сликовници, средби со илустратори и писатели, работилници со уметници, претстави и перформанси.

Пред публиката во Пазин се исложени илустрации од авторските сликовници на Костуранов, како и од сликовниците „Мирко Немирко“, „Животот на една слика“ и „Лети, лети.. ќесенце“, кои се соработки со хрватските писателки Ана Ѓокиќ, Ема Понграшиќ и Алма Понграшиќ.

Ова не е прво учество на македонски илустратор на фестивалот со свои дела. Минатата година, Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“, организираше изложба на новата млада илустрација, обединета под еден наслов „Дом без граници“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни