Илон Маск: За 20 години повеќето луѓе нема да мораат да работат

Технолошкиот милијардер Илон Маск изјави дека забрзаниот развој на вештачката интелигенција и хуманоидната роботика ќе го трансформира општеството до степен во кој сиромаштијата би можела да исчезне, а работата да стане избор, а не обврска.

Говорејќи на Американско-саудискиот инвестициски форум во Вашингтон, Маск оцени дека во следните „10 до 20 години“ традиционалните работни места повеќе нема да бидат неопходни за мнозинството луѓе.

„Вештачката интелигенција и хуманоидните роботи практично ќе ја елиминираат сиромаштијата,“ рече тој, додавајќи дека човештвото мора да се подготви за длабоки структурни промени.

Маск – кој стои зад Tesla, SpaceX и стартапот xAI – објасни дека во иднина работата ќе биде „како хоби“: нешто што ќе се прави доброволно, како спорт или градинарство.

„Ќе можете да одите во продавница и да купите зеленчук, или сами да го одгледате – што е многу потешко, но некои луѓе го прават затоа што уживаат во тоа. Така ќе биде и со работата – опционална,“ рече Маск.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни