Илон Маск стана меме – Лејди Елонија како Прва дама на САД

Фото: X/@80sretro215

Илон Маск неодамна се појави на семејна фотографија со Доналд Трамп и неговото потесно семејство, што му донесе нов прекар – Првата дама на САД.

Политичкиот коментатор Ана Наваро ја опиша врската на Маск и Трамп „чудна“ и додаде дека Маск се чини дека е „присутен насекаде и во секое време“.

„Тој е како секретар за сите и за првата дама во исто време“, продолжи таа, осврнувајќи се на фотографијата од семејството Трамп на која беше Маск, но не и Меланија Трамп.

Водителот Џими Кимел се пошегува:

„Внимавај Меланија, Трамп има нова љубов по име Елонија Маск“.

На CNN, репортерката Кара Свишер откри како помошниците на Трамп се збунети од влијанието на Маск.

„Тој секогаш се наметнува, таков е неговиот стил. Затоа одеднаш се појави таму како гостин кој не планира да си замине”, вели таа. Свишер заклучи дека не верува дека Маск ќе си замине „додека Трамп самиот не го избрка“.

Прекарот Лејди Елонија брзо се рашири и на платформата Х, каде Маск стана нова инспирација за мемиња.

Милијардерот Илон Маск стана еден од најверните поддржувачи на Трамп во месеците пред изборите. Наградувајќи ја лојалноста, Трамп објави дека Маск заедно со Вивек Рамасвами ќе раководи со новиот Оддел за владина ефикасност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни