Во гостувањето на поткастот „The Joe Rogan Experience“, Маск гласно размислуваше на темата „зошто пејачката својата поддршка и ја даде на Камала Харис за време на овогодинешните избори во САД“?
Маск, рече дека гласачите не треба да ја слушаат со оглед на нејзината мината врска со Диди.
“Џенифер е негова поранешна девојка и токму сега одлучи да ги предупреди луѓето за Трамп. Колку луѓе предупреди за Диди, нели? О, нула, во ред”, рече и додаде дека “можеби не треба да се земе во предвид нејзиното мислење. ” .
Иако Лопез не се споменува во обвинувањата против раперот, Маск верува дека можеби знаела што се случува.
„Луѓето во музичката индустрија мораа да знаат дека Диди злоставувал, знаете, станувало збор за деца и сепак му носеле деца. Каде е одговорноста? Мораа да знаат“, рече Илон.
Во поткастот, Маск се прашуваше кој можел се да знае што се случува зад затворени врати, но, при тоа медиумите објавуваат дека во минатото тој самиот, наводно се фалел дека бил близок со Комбс.
Наводно, Диди бил еден од инвеститорите за X, како што пишува во книгата „Character Limit: How Elon Musk Destroyed Twitter“.
Џенифер и Диди беа во врска од 1999 до 2001 година, но уметницата се уште нема излезено со коментар за неговото апсење и тешките обвиненија против него. Раперот моментално е во притвор, обвинет за рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и кривични дела поврзани со проституција.
Во фокусот се и неговите забави, кои тој ги нарече „фрик-оф“, каде што ги дрогирал и сексуално ги злоставувал своите жртви и ги терал на секс со проститутки.
Многу мажи и жени го обвинија за сексуална злоупотреба, а некои од нив биле малолетни во моментот на инцидентот. Судењето е закажано за 5 мај 2025 година.