Американскиот бизнисмен и визионер Илон Маск стана првиот човек во историјата чие лично богатство надминува 800 милијарди долари, објави угледниот магазин Forbes.
Според извештајот, богатството на Маск значително пораснало по неодамнешен договор за купување, кој ја зголемил неговата нето-вредност за дополнителни 84 милијарди долари. Со тоа, вкупното богатство на Илон Маск достигнало неверојатни 852 милијарди долари.
Forbes уште во декември минатата година објави дека Маск станал првиот човек со богатство поголемо од 700 милијарди долари, што уште еднаш го потврдува неговиот континуиран раст и доминација на листата на најбогати луѓе во светот.
Илон Маск е извршен директор на компаниите Tesla и SpaceX, а неговото богатство постојано расте благодарение на инвестициите во технолошкиот сектор, иновациите во транспортот и амбициозните вселенски проекти. Со тоа, тој цврсто ја зацврсти својата позиција меѓу најбогатите поединци во историјата на човештвото.
Извор Forbes
