Илон Маск повторно најбогат човек на светот

Илон Маск ја врати титулата најбогат човек на светот, откако накратко беше престигнат од коосновачот на Oracle, Лери Елисон. Според „Bloomberg“, поради историски скок на акциите на Oracle, богатството на Елисон вчера порасна за дури 89 милијарди долари и достигна 383,2 милијарди.

Акциите на Oracle пораснаа за околу 36% – најголем дневен раст од 1992 година – благодарение на зголемената побарувачка за капацитети на нивните дата-центри од страна на компании кои развиваат вештачка интелигенција. На кратко, тоа го направи Елисон најбогата личност во светот. Но, на крајот на денот, богатството на Маск достигна 384,2 милијарди долари, со што повторно ја презеде првата позиција.

Oracle се позиционира како клучен играч во инфраструктурата за AI компании, а оваа година акциите на компанијата пораснаа за 97%. Наспроти тоа, акциите на Tesla бележат пад од околу 14%.

Маск првпат ја освои титулата во 2021 година и оттогаш најчесто ја држи, со кратки исклучоци кога беше престигнат од Бернар Арно и Џеф Безос. Елисон, пак, кој има 81 година, е меѓу највлијателните технолошки милијардери, поседува 98% од хавајскиот остров Ланаи и има блиски врски со Доналд Трамп.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни