Маск со ова уште еднаш го отвори прашањето за демографската криза која го погодува целиот континент. Стапката на наталитет (или фертилитет) претставува просечен број деца што една жена ќе ги роди во текот на својот репродуктивен период (15 до 49 години). Според демографите, идеалната стапка потребна за одржување на бројот на население е 2,1 деца по жена.
Но, според податоците од објавената мапа, огромен дел од Европа е далеку под оваа граница, што укажува на сериозен тренд на депопулација. Состојбата е особено алармантна во западниот и северниот дел од континентот.
Косово со највисока стапка, Балканот со „помалку загрижувачки“ бројки
Во мапата што Маск ја објави, само Косово е прикажано со зелена боја, со стапка од 1,9 деца по жена, што е најблиску до границата за одржување на населението. Останати земји од Балканот – како Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Молдавија и Хрватска – се во зоната со недоволен, но не и драстично низок наталитет.
Во графиконот, сепак, не се наведени прецизни извори на податоците, па стручњаците предупредуваат дека треба да се гледа со резерва.

Маск – татко на најмалку 14 деца, но под критика
Интересно е што самиот Маск има најмалку 14 деца, од четири различни жени. Првпат станал татко во 2002 година, со тогашната сопруга, писателката Џастин Вилсон. Парот добил шест деца, од кои едно починало во раната возраст.
Иако долги години зборува за опасноста од „демографски колапс“, Маск неодамна беше остро критикуван поради мерки што одат спротивно на тие ставови. Преку структура наречена „Department of Government Efficiency (DOGE)“, тој наводно ги укинал милионските фондови за мајки, бебиња и трудници – меѓу другото и помош за храна, бебешки формули и советувалишта.
Стручњаците посочуваат дека не е можно да се поттикне наталитетот ако истовремено се урива социјалната поддршка за родителите, пренесуваат Forbes и Večernji list.