На социјалната мрежа X, кориснички профил постави прашање до инвеститорите на Tesla дали би поддржале вакво спојување. Маск кратко одговори: „Не.“
Оваа негова изјава доаѓа додека тој размислува за начинот на кој ќе ги поврзе своите различни компании. Претходно, најави дека во одреден момент Tesla ќе организира гласање на акционерите за тоа дали компанијата треба да инвестира во xAI – фирма што стои зад контроверзниот chatbot Grok.
Минатата година, Маск спроведе анкета меѓу своите следбеници прашувајќи дали Tesla треба да вложи 5 милијарди долари во xAI. Поголемиот дел од учесниците гласаа „за“.
Инаку, chatbot-от Grok наскоро ќе биде достапен во возилата на Tesla, што веќе предизвикува сериозни реакции. Grok стана предмет на жестоки критики поради тоа што во неколку наврати објави антисемитски коментари и позитивно се изразуваше за Адолф Хитлер.
Во март, Маск објави дека xAI и социјалната мрежа X се деловно обединети, при што xAI беше проценет на 80 милијарди долари, а X на 33 милијарди. Маск подолго време настојува на деловно поврзување на своите компании, но очигледно е дека, барем за сега, Tesla и xAI ќе останат раздвоени.