Илон Маск на платформата X јавно коментираше за градите на Сидни Свини, луѓето не веруваат во напишаното (ВИДЕО)

Поради контроверзен коментар, Илон Маск е повторново центарот на вниманието

Илон Маск повторно предизвика бурни реакции на платформата X откако реагираше со необичен коментар на објавата од премиерата на филмот „Слугинката“ во Лос Анџелес. Видео од црвениот тепих, објавено од списанието Variety, ја прикажува актерката Сидни Свини во бел фустан додека позира за фотографите.

Додека коментарите беа полни со пофалби за нејзиниот изглед, Маск одговори на објавата со мем генериран од вештачка интелигенција кој го споредува изгледот на бујна биста со напрегањето на ‘рбетот, со кратка порака: “can’t be easy” („не може да биде лесно“). Коментарот им се чинеше несоодветен на многумина, особено затоа што доаѓа од самиот сопственик на платформата.

По ова следеше лавина критики од корисниците на X, кои ја нарекоа реакцијата на Маск чудна и несоодветна и го обвинија дека несоодветно коментирал за телото на младата актерка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни