„Време е да се фрли вистинска бомба“, напиша Маск.
„Доналд Трамп е во Епштајновите досиеја. Тоа е вистинската причина зошто не се објавени. Пријатен ден, DJT!“
Оваа објава доаѓа во време на ескалирање на конфликтот меѓу Маск и Трамп, кој Маск го обвинува дека ја води Америка кон финансиска пропаст преку огромна јавна потрошувачка. Маск остро го критикуваше и законот за буџет предложен од Трамп, нарекувајќи го „одвратна грозотија“.
Тензиите дополнително се зголемија кога конгресменката Марџори Тејлор Грин, позната како лојален сојузник на Трамп, неочекувано застана на страната на Маск. Таа призна дека гласала за законот без да знае дека тој им го одзема правото на државите да регулираат вештачка интелигенција во следните 10 години. Таа вети дека ќе го смени својот глас доколку овој дел остане во финалната верзија на законот.
Маск, кој има над 220 милиони следбеници на X и значително влијание врз MAGA движењето, би можел суштински да влијае врз јавното мислење пред изборите во САД.