Илон Маск добил судска покана поради контроверзии при купувањето на Твитер

Најбогатиот човек на светот Илон Маск добил судска покана во врска со тужбата на американската Комисија за хартии од вредност (SEC) поради тоа што наводно не ги открил важните информации при купувањето на социјалната мрежа Икс (Твитер) во 2022. година.

Поканата била доставена на 14 март, а одговор се очекува до 4 април, се наведува во денешниот судски поднесок, пренесува Си-Ен-Би-Си.


Лицето кое го доставило судскиот повик до објектот на Масковата компанија Спејс Екс (SpaceX) во Браунсвил забележало дека тројца припадници на обезбедувањето одбиле да ја примат документацијата, а еден од нив ја предупредил дека влегла на приватен имот без дозвола.

Извор: ТАЊУГ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни