Илон Маск ја продал својата социјална мрежа “Икс” на својата компанија за вештачка интелигенција “xAI” во договор вреден 33 милијарди долари, објави американскиот милијардер. Двете компании се во приватна сопственост, што значи дека не се бара од нив да ги објавуваат своите финансии јавно.
Маск во објава на “Икс” напиша дека овој потег „ќе отклучи огромен потенцијал со спојување на напредните способности на вештачката интелигенција и експертизата на ‘Икс’ . Тој додаде дека договорот ја вреднува “xAI” на 80 милијарди долари, а “Икс” на 33 милијарди долари.
Маск, кој е извршен директор на “Тесла” и “Спејс Икс”, како и советник на претседателот Доналд Трамп, ја купи платформата која порано се викала Твитер за 44 милијарди долари во 2022 година, отпушти вработени и ја промени политиката за говор на омраза, дезинформации и верификација на корисници, како и го преименува брендот во “Икс”. Година дена подоцна ја започна компанијата “xAI”.
Бидноста на “xAI” и “Икс” се испреплетени. Денес официјално преземаме чекор кон комбинирање на податоци, модели, компјутери, дистрибуција и талент. Оваа комбинација ќе отклучи огромен потенцијал преку спојување на напредните способности на вештачката интелигенција и експертизата на ‘Икс’ со огромниот домет на ‘Икс’ – напиша Маск на “Икс”.
Не е јасно дали овој потег ќе доведе до некакви промени за корисниците на социјалната платформа “Икс”.
“xAI” веќе користи податоци од кориснички постови на “Икс” за да ги прилагоди своите модели на вештачка интелигенција и да им овозможи на платените корисници на “Икс” пристап до својот AI четбот, Грок.