Влагата продира во објектот, подот е распукан, витражите се скршени, рамките на прозорците кородирани, а водата стигнува дури и до гробот на Никола Карев, претседателот на Крушевската Република.
Надворешниот изглед на споменикот не е во ништо подобра состојба – фасадата е оштетена и оставена без одржување.
Одговорните институции признаваат дека нема средства за темелна санација, а дополнителна пречка е и недостигот од стручни кадри кои би знаеле да извршат конзервација на ваков уникатен објект.
Споменикот, изграден во 1974 година, е посветен на Илинденското востание и Крушевската Република, и со децении претставува едно од најзначајните места на македонската историја и култура.