Овој петок (6.6) во кафе-бар „Шила“ во Охрид, со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи претставување на „Илика“, издавачка куќа сместена во Скопје која својата работа ја започна пред помалку од две години, а има и своја кафе-книжарница во Центарот на Скопје.
На настанот ќе учествуваат уредничката Катерина Шекутковска и поетесата Александра Спасеска, а модератор ќе биде Јордан Коцевски. Притоа, на настанот ќе бидат достапни за купување сите изданија на „Илика“.
Ќе се разговара за идејата зад издавачката и плановите за во иднина, концептот на издавање и постоењето на кафе-книжарницата, со посебен акцент на одредени книги. Дел од разговорот, секако, ќе биде посветен и на збирката поезија „Координати на болката“ од поетесата Александра Спасеска која излезе минатата година во издание на „Илика