Или ги обожавате или не, ова се новите Converse потпетици

Converse Chuck Taylors одамна е најпрактичната и најлесната патика која можете да ја ставете во чанта после забавата или кога сакате да танцувате, а брендот на патики конечно сфати дека нивните препознатливи чевли, всушност, може да бидат две во едно.

Новиот модел на Converse Chuck 70 De Luxe Wedge го носи брендот на патики чекор подалеку. Тие се половина патики, половина чизми а потпетицата му дава дополнителен свеж изглед.

Првпат претставен од Мартин Али од Бруклин, моделот Chuck 70 оттогаш еволуираше во кожна чизмичка во целосно црна боја.

Верзијата на Мартин Али може да се претвори во чизма до колена со отстранлив дел, додека другите верзии на Chuck 70 De Luxe Wedge, видени на пејачката Карина од AESPA, лесно се носат без комплицирани инструкции.
Карина, новата амбасадорка на Converse, стилски го носи овој модел, покажувајќи функционален начин на носење со што се постигнува кул и модерен изглед.

Пред De Luxe Wedge, постоеја различни видови на Converse патики со платформи. Потоа се појави Chuck 70 De Luxe Heel, обичен Converse со квадратна потпетица што можеби и нема да им се допаѓа на љубителите на овие патики. Но сепак, овој модел го одобрија Бијонсе и нејзината ќерка Блу Ајви кои важат за модни икони.

De Luxe Wedge прави интересна рамнотежа истовремено претставувајќи ја  едноставната функционалност на Converse.

Освен тоа, De Luxe Wedge е претставен како поудобен модел што можете да го носите секојдневно а сакате нешто поинакво од обичните All-Stars.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни