Огнената стихија во САД не запира и пристигна ново предупредување дека “Најлошото допрва доаѓа.”
Шефот на противпожарната служба на градот Лос Анџелес изјави дека од почетокот на првиот пожар биле упатени вкупно 3.624 повици до итната служба.
Две лица загинаа, а поголем број на луѓе се повредени, додека пожарот во Итону продолжува да се шири, соопштија денеска официјални лица во Калифорнија на прес-конференција за шумските пожари.
Шефот на противпожарната служба на Лос Анџелес изјави дека од избивањето на првиот пожар биле упатени вкупно 3.624 повици до итната служба.
Се започнало вчера околу 10 часот по локално време, кога поради силни ветрови пожарот се проширил во дворот на стамбена зграда во Палисадите. Околу 49.000 луѓе од тој момент биле повикани да ја напуштат погодената област, а повеќе од 1.400 пожарникари биле распоредени во борбата против пожарот.
Сепак, пожарот воопшто не е под контрола, а властите велат дека “не постои начин” да се стави под контрола. Најновото ажурирање од противпожарната служба на Лос Анџелес вели дека ситуацијата сè уште е „многу опасна” и дека брзината на ветрот се зголемува.