Илјадници луѓе на улиците во Валенсија: Ние сме со кал на рацете, но вие сте со крв!

Над 130 илјади луѓе синоќа протестираа во Валенсија барајќи оставка од локалните власти кои ги сметаат за одговори за бавната и лоша реакција по катастрофалните поплави кои го зафатија регионот и во кои загинаа над 220 луѓе.
Фото: Euronews/YouTube

Демонстрантите фрлаа со кал кон зградите на локалната влада, а имаше и судири со полицијата пред градското собрание во Валенсија.

Тие го обвинуваат регионалниот лидер Карлос Мазон за бавната реакција и ненавременото предупредување. Пораките за предупредување од поплавите стигнале вечерта на 29 октомври, кога дел од градовите и селата околу Валенсија веќе биле поплавени.

Демонстрантите маршиира и извикуваа пораки „Убијци!“ и „Ние имаме кал на рацете, но вие имате крв“.

Месон рече дека предупредувањето би го издал порано доколку телото задолжено за следење на водите навреме ги известило властите за сериозноста на ситуацијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни