Илјадници граѓани скандираат за правда, маршот продолжува кон Обвинителството

Во потресна тишина, илјадници граѓани вечерва ги кренаа своите мобилни телефони кон небото, создавајќи море од светлина во чест на трагично загинатата Фросина Кулакова. Но тишината брзо беше заменета со громогласни скандирања: „Убијци, убијци!“, „Сакаме правда!“, „Секој еден може да е следен!“. Пред Собранието одекнуваше народниот гнев, а протестната поворка продолжи кон Основното јавно обвинителство, барајќи правда и одговорност.

Ова не е само протест за еден згаснат млад живот – ова е бунт против систем што дозволува убијци да шетаат слободно, против институции што молчат додека невини гинат на улиците. „Доста беше!“ – порачаа граѓаните, решени да не застанат додека не се извојува правда. Вечерва Скопје свети, но не од уличните светла – туку од решителноста на народот кој одбива да се помири со неправдата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни